strumica denes logo

МАКЕДОНЕЦОТ ЖИВЕЕ СО САМО 150 ДЕНАРИ НА ДЕН – ПОМАЛКУ МИЗЕРНИ ОД НАС СЕ АЛЖИР, ТУНИС И НИГЕРИЈА!

Автор:

Датум:

март 12, 2024

Автор:

Датум:

март 12, 2024

Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека секој трет граѓанин живее со само 150 денари на ден.

„Македонија е најсиромашна држава во Европа и со најголема инфлација! Инфлацијата во Македонија е 50 отсто поголема од таа во еврозоната! Растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 во Македонија е само 20 отсто, додека во земјите од регионот Србија, БИХ, Албанија, Црна Гора над 50 отсто! Јавниот долг за 7 години е зголемен за скоро 4 милијарди евра!“, соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат власта го задолжила секој граѓанин за 2.000 евра.

Додаваат дека помалку мизерни од Македонија се Алжир, Тунис и Нигерија, а Mакедонија е земја со најниски плати и пензии во Европа последниве 6 години.