36-годишен маж од Македонија дебело плаќа за кражба на бензин во Швајцарија.
Имено, тој во септември 2024 година, тој наполнил 22,35 литри бензин на бензинската пумпа Coop Pronto во Рајнфелден, па наместо наместо да плати сума од 40 франци, тој избегал – и бил фатен.
Бензинската го пријавила 36-годишниот, а сега јавното обвинителство му пресуди за мала кражба по казнена наредба.
Па така, сега сметката која треба да ја плати овој македонски државјанин изнесува 607,20 франци, 15 пати повисока од сметката за бензин.
Истата е во висина која се расчленува на следниов начин: 200 франци за казната, 400 франци за казната и 7,20 франци за полициските трошоци. Кражбата се смета за ситна ако вредноста на стоката е до 300 франци. (pz)