МАЈА КОЗАРОВА ДИМИТРИЕВА: Анксиозноста е аларм дека треба веднаш да направите промена во вашиот живот!

февруари 10, 2022

Колумна на струмичанката Маја Козарова Димитриева:

Анксознноста е аларм дека треба веднаш да направите промена во вашиот живот!

Во денешно време, се повеќе луѓе се соочуваат со анксиозност. Брзиот начин на живот, премногу кафе и енергетски пијалоци за да се издржи денот, страв од иднината, пречесто анализирање на луѓе и ситуации, престрого однесување кон себеси, страв да не се разболиме ние и нашите најблиски… сето тоа придонесува до таа состојба. Се јавува чувство на темнина и калустрофобија во сопствената кожа, панично гушење.
За оние кои живеат во постојан страв од иднината, секој нов ден највува нова борба со самиот себе.
Умот на анксиозната личност носи товар исполнет со несигурност и неконтролирана грижа и паника. Секојдневниот живот прераснува во константна грижа, негативни гледишта, страв и чувство на нелагодност. Сето ова е алрам дека треба веднаш да направите промена во вашиот живот!

Што побрзо почнете да работите на справување со анксиозноста, толку полесно ќе ја надминете состојбата!

▪︎ Вежбајте редовно.
▪︎ Бидете присутни поголем дел од времето.
▪︎ Медитирајте и афирмирајте.
▪︎ Лимитирајте ги алкохолните и пијалоците кои содржат кофеин.
▪︎ Слушајте музика, читајте, шетајте во природа.
▪︎ Јадете избалансирани оброци, здравото хранење е клучно за физичкото и менталното здравје.
▪︎ Не заборавајте да дишете длабоко и бавно воздух.
▪︎ Ограничете го времето поминато на социјалните мрежи и пред телевизор на минимум.
▪︎ Не целете кон перфекционизам, само дадете се’ од себе за извршување на секојдневните обврски и бидете задволни од она што сте го постигнале.
▪︎ Никогаш не ги споредувајте сопствените достигнувања со другите.

Имајте доверба во животниот тек на нештата, иако можеби ви се чини дека моментално не е се како што вие сакате.

И за крај, отпуштете ги сите негативни чувства и емоции, простете си себеси и на другите, бидете љубов и разбирање, ширете добрина и радости! 🙏❤

Напишано од лично искуство, од срце за сите оние кои патат од анксиозност 🙏

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: