Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Во Општина Охрид финансирани 10 проекти од Влада на Р. Македонија.
Во Општина Струмица ниту еден.
Општина Струмица конкурираше со профитерски проект на Костадинов од 5 милиони евра за пазар во Струмица.
Во Охрид се конкурираше со проекти во интерес на граѓаните и за подобрување на инфраструктура и квалитет на живот.
Ова се проектите за кои Охрид доби финансирање:
Проектите се однесуваат на реконструкција на улици во селата Пештани, Подмоље и Долно Лекочереј, реконструкција на водоводна линија на улица Кленоец, реконструкција на пешачки улици во рамките на градските гробишта во Охрид и на реконструкција на локален пат од крстосницата за село Рамне до црквата „Свети Атанасиј“. Одобрен е и проект за замена на постоечка опрема во пумпна станица „Метропол“, реконструкција на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на дел од улица Кленоец, реконструкција на улица во село Опеница која води до црквата „Свети Кузман и Дамјан“ и проект за рехабилитација на дел од локален пат за село Куратица.
Во Струмица пазар од 5 милиони евра!
Има разлика!