Неможноста навреме да стигнете на работа може да биде добро за вашето здравје, покажа истражување.
Според експертите од Медицинскиот факултет при „Харвард“, хроничното доцнење е всушност позитивен показател за тоа како личноста се справува со стресот и може да укаже на подолг животен век за таа личност. Она што истражувачите го откриле е дека луѓето кои секогаш доцнат се помалку под стрес бидејќи не дозволуваат роковите или временските ограничувања да им предизвикаат стрес.
За разлика од луѓето кои се трудат секогаш да бидат на време, луѓето кои доцнат не дозволуваат минутите на часовникот да ги натераат да се чувствуваат лошо. Затоа, тие имаат помалку здравствени проблеми и не страдаат од депресија поврзана со стрес. Тие исто така имаат понизок крвен притисок, помали шанси за мозочен удар и подобро кардиоваскуларно здравје.
Освен што се чувствуваат подобро и поздраво, луѓето кои постојано доцнат обично имаат подобар поглед на животот и се поголеми оптимисти. Наместо да се фокусираат на негативностите од постојаното доцнење, тие едноставно уживаат во животот. Истражувачите забележуваат дека овој оптимизам е всушност добар за нашето здравје.
– Оптимизмот им помага на луѓето да се справат со болеста и да се опорават од операцијата. Уште поимпресивно е влијанието на позитивниот став врз целокупното здравје и долговечноста. Истражувањето ни кажува дека оптимистичката перспектива рано во животот може да предвиди подобро здравје и пониски стапки на смртност во период на следење од 15 до 40 години – велат истражувачите.
Затоа, следниот пат кога ќе бидете под стрес поради тоа што доцните пет или десет минути, земете длабок здив и фокусирајте се на позитивните страни, знаејќи дека доцнењето може да ви помогне на долг рок.