ОВА ЛИ Е РЕЦЕПТОТ ЗА СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО? СКАНДАЛОЗНА ДОМАШНА ЗАДАЧА ЗА ПРВООДЕЛЕНЦИ ОД СКОПЈЕ!

март 30, 2023

Коалиција за заштита на децата:

На Фејсбук просторот се најде и објава од еден родител, кој ја сподели домашна задача за првоодделенците од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ од Центар, Скопје.

На самиот работен лист се зборува за „Рецепт за среќно семејство“ и задачата е учениците со помош на зборовите напишани во срцето – забава, доверба, љубов, среќа, грижа, смеење и љубезност, да напишат рецепт за нивното среќно семејство. Задачата до тука изгледа сосема коректна и со позитивна содржина, меѓутоа, кога ќе ги погледнете избраните цртежи со кои е претставена оваа задача, јасно станува дека станува збор за ЛГБТИ+ индоктринација.

На цртежот се гледаат двајца мажи хомосексуалци, татковци на машко дете, и две жени т.е. девојки лезбејки како се држат за рака.

За жал, родителот ја повлече оваа негова објава со образложение дека разговарал со наставничките и после „темелен и длабок разговор, увидена е некоја грешка, која е исправена“.

Коалицијата за заштита на децата смета дека ова не е и во никој случај не може да биде грешка. Ваква „грешка“ не може да се оправда со ниту еден логичен аргумент, освен дека станува збор намерно подготвен текст со вакви претстави, со цел активистичко промовирање на хомосексуализмот.

Напоменуваме, станува збор за домашна задача за деца од прво одделение.

Апел до сите родители да посветат поголемо внимание на домашните задачи на нивните деца, како и да извршат непосреден увид на материјалот што го учат на училиште.

Воедно, ги замолуваме сите родители во оваа борба да покажат поголема храброст. Станува збор за нашите деца, за нивниот правилен психофизички развој. Изговори, како „грешка беше“ е апсолутно неприфатлив изговор за нас, кои сакаме да ги заштитиме децата од штетни радикални идеологии!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ