Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
🔹,,Струмица не би била Струмица да не знае како да се справи со постоечките проблеми. Подобро да се детектира и превенира, отколку задоцнето да се реагира“. Тоа би бил мојот кус коментар за денешната Деветта по ред работна конференција на Локалниот совет за превенција на Општина Струмица.
👉Заедно со претставниците на институциите кои членуваат во Локалниот совет за превенција, апострофиравме неколку клучни проблеми, и тоа: нелегалниот пазар на земјоделски производи на влезот во селото Банско, узурпацијата на јавните површини – тротоарите од страна на одредени кафулиња во општина Струмица, како и за пороците на денешницата со кои се соочуваат младите во општина Струмица и полициските контроли во ноќните клубови во општината.
☑️Интересот на граѓаните е пред се. Така било, така е, така и ќе остане.