ЛИЧНИТЕ КАРТИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД УТРЕ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ СО НОВОТО УСТАВНО ИМЕ!

август 22, 2021

МВР во понеделник ќе ги издаде првите лични карти, а во текот на викендов тие се печатат. Документите, како што вчера одлучи Владата, ќе бидат на обрасци на кои е вметнато новото уставно име и покрај тоа што не беа донесени измените на Законот за лични карти. Ова се случува по два месеци застој. За ВМРО-ДПМНЕ ова е кршење на Уставот и законите. Од СДСМ издавањето на лични карти со Северна и без да се донесат законските измени е сосема легално. Околу 40.000 граѓани чекаат да добијат нови лични карти. Ни претстои попис, но и локални избори, за кои граѓаните ќе треба да имаат важечки документи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ