ЛИЧНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА ОД ОПШТИНА СТРУМИЦА ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ!

април 6, 2022

Пожарникари – Струмица:

Како резултат на континуираната заложба и посветеност на Општина Струмица за опремување на пожарникарите-спасители со лична и заедничка заштитна опрема, а со самото тоа и подигнување на нивото на заштита на граѓаните од секакви природни и други несреќи, денес во ТППЕ Струмица пристигна нова лична заштитна опрема. Опремата се состои од специјална заштитна интервентна облека, чизми, ракавици, како и дневна работна облека.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: