ЛЕТО 2019: „АСТРАИОН“- СТРУМИЦА СО НОВА ЦЕНА ЗА ПОНУДАТА НА ИСТАНБУЛ СО ПРИНЦЕСКИТЕ ОСТРОВИ!

јули 25, 2019

Истанбул Со Принцески Острови Лето 2019

​🗺️ Истанбул е четирисезонска дестинација која не останува посетена само еднаш во животот..🗺️

🕛А Вие сеуште ја немате посетено светската метропола?

✅Ова е вистинска понуда за ВАС!! 🧳

🇹🇷Лето 2019 – ИСТАНБУЛ

Термини:

📅18.07 – 21.07.2019

📅01.08 – 04.08.2019

📅15.08 – 18.08.2019

✔Одберете го вашиот слободен викенд и внесете спомени кои ќе траат засекогаш..

ЦЕНА – 5520 Денари по ЛИЦЕ

💰Во цената е вклучено: Две ноќевања со појадок + превоз, обиколка на градот со водич, разглед на Сината џамија, посета на паркот Бејлербеи, посета на градот Едрине!!!

ПРОГРАМА

(Четврток)

Поаѓање во попладневните часови. Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

(Петок)

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови.Факултативна посета на Принциските Острови со траект.

Тргнување со брод од пристаништето. Се плови преку Мраморното Море до Островот на принцовите пловидбата трае околу 1,45 час. (– архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km².

На островите живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија.Најголемиот од нив е Бујук Ада – тоа е островот што е посетен за време на екскурзијата. На островот можат да се изнајми кочија за прошетка, а цената на кочијата (со времетраење од 45 мин.) – 30 турски лири,(околу 300 денари) цената на кочијата со време траење (1.10ч.) – 40 турски лири.(околу 400 денари).

Прекрасните рибни ресторанти покрај морето се вистинско уживање за сите туристи. Oстровите се вистинска атркација за сите туристи особено во летниот период.Враќање во хотелот. Слободно време или пешачка тура во договор со придружникот – посета на Султанахмет плоштад и Сината џамија.

Навечер факлутативна турска традиционална вечера со целосно мени (предјадење, главно јадење, десерт), програма од турски изведувачи. Ноќевање.

(Сабота)

Појадок. Од 07:00 до 08:30. Во 09:00 туристичката програма започнува со панорамска обиколка на Истанбул со локален водич.

Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул, слободно време за фото-пауза.Факултативна посета на палата „Долмабахче“ кој е еден од најраскошните дворци во светот. Дворецот е скапоценото богатство на Република Турција. Долмабахче е 4 дена во неделата дом за претседателот на Р.Турција-Ердоган.Слободно време или Факултативно крстарење со брод по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината „Румелија Хисар“, да ги фотографирате прекрасната палата „Долмабахче“,, дворецот „Јилдиз“, дворецот „Чифте Сарај“. Потоа бродот се упатува кон Азискиот брег.

На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили, каде се снимени повеќето од турските серии.По завршување на крстарењето, Посета на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште, каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатната авантура се дополнува со можност да се вклучите во SkyRide – 4D зачудувачка симулација на лет со хеликоптер над Истанбул и да се допре до знаменитостите на градот. Скај бар нуди извонредна глетка со чаша мирисно турско кафе меѓу облаците над Истанбул. Слободно време за прошетка и фотографирање .

Вечерта факлутативна посета на најпопуларниот плоштад во Турција-Таксим и улицата која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време за разглед на Галата Кула, шопинг во многубројните продавници, ресторанти, кафулиња.. Враќање во хотелот. Ноќевање.

(Недела)

Појадок.

По појадокот се тргнува кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум во светот Florya кој нуди разглед на најразнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума. Се упатуваме кон градот Едрине со посета на Outlet –Margi , еден од најевтините во Европа.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со високотуристички автобус

Две ноќевања со појадок во хотел 3*

Придужник за време на патувањето

Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич (бесплатна)

Посета на Оutlet во Едрине

Разглед на Хиподромот и плоштадот Султанахмет

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНO:

Влезници за музеите

Принцески острови– 20 евра

Дворецот Долмабахче – 20 евра

Крстарење по Босфор – 15 евра

Традиционална вечера – 25 евра

Посета на облакодерот „Сафир“, со вклучен билет за панорамско игралиште и 4D кино – 20 евра

Трансфер, прошетка на Таксим и Галата Кула -10 евра

Најголемиот аквариум во Европа Florya- Цена 20 €

Патничко осигурување – 150 денари

ЗАДОЛЖИТЕЛНО: пријавување на минимум две факултативи

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ = 115 ЕВРА (гратис крстарење по Босфор)

☎️Инфомрации и резервации на тел: 070/643-492; 034/609-209 или во Агенција ” ASTRAION ” на ул. Благој Јанков Мучето бр. 5, веднаш спроти книжара ”Култура”

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: