strumica denes logo

ЛЕГЕНДАРНИОТ СТРУМИЧКИ ФУДБАЛЕР ВАСИЛ РИНГОВ: Ме уапсија во Струмица за бесплатно да потпишам во Вардар!

Автор:

Датум:

март 15, 2025

Автор:

Датум:

март 15, 2025

Васил Рингов е името кое често се спомнува како столбот околу кој се градеше некогашниот тим на Вардар, кој во 80-тите години од минатиот век стана една од најсупешните и најсилните екипи во Југославија.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Но, Рингов не е само фудбалер, односно неговите интересни приказни се инспирирани од неговиот немирен дух и тежнеењето да се дружи со разни типови на луѓе, од кои најголемиот дел немаат врска со спортот.

Во Митови и факти тој говори за својата кариера, но и за непријатностите што ги има со Удба (тајна полиција), со разни функционери и чиновници во клубовите во кои настапувал, како и открива што е мит, а што е факт во врска со него, но и во врска со приликите што во тоа време владејат во Вардар.

– Седнав во Тетекс и за пет минути договорив. Стан во Скопје вика, го памтам прекрасен претседател, некој првоборец, генерален, Стојан Горчески се вика. Ти си паметно момче, му викам во Скопје факултет запишав, ќе те запослиме стаж да ти оди. Како викам? Они правеле и на други фудбалери, ама мене „оти си паметно момче“, потпишав решение, ми дадоа референт за трикотажа – вели Рингов.

Тој открива и на каков начин бил доведен во Вардар, кога наместо да влезе во преговори со првите лица на тимот, тој бил уапсен во својот дом во Струмица и однесен во Скопје да се потпише во Градскиот фудбалски сојуз, каде бил заведен како нов играч на црвено-црните.