ЛАВОВСКА БОРБА ЗА СЕКОЈ ПОЕН, ОДБОЈКАРИТЕ НА СТРУМИЦА ПОВТОРНО ЈА ОСВОИЈА КУП ТИТУЛАТА!

април 12, 2022

Струмица останува неосвоива тврдина. Одбојкарите по осми пат ја освоија титулата во Купот на Македонија. Во натпреварот со Вардар нашите момци извојуваа победа со резултат 3:0 во сетови и уште еднаш докажаа зошто токму од нашиот град излегуваат најголемите одбојкарски имиња.

„Нашите момци забележаа победа и во финалето на купот на ОФМ. Лавовска борба за секој поен, покажаа зошто се со години без конкуренција во домашните натпреварувања.“ – објави ОК СТРУМИЦА на својот фејсбук профил.

Честитки екипо!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ