КОВАЧЕВСКИ: Со една минимална плата порано можело да се купат 170 четвртини бурек, а денес 270 четвртини и тоа добар бурек!

март 1, 2024

Јас сум економист и можам да зборувам за економија, бурек економија во современата наука не постои. И ако сакате во бурек да пресметате во тоа време со една минимална плата можело да се купат 170 четвртини бурек, денес можат да се купат 270 четвртини бурек и тоа добар бурек, изјави бившиот премиер и актуелен претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Тој, покрај другото, во синоќешното интервју во Тема на денот на ТВ Сител се задржа на бурекот и економијата:

– Во време на Владата на ВМРО ДПМНЕ кога советник во Владата беше претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, минималната плата беше 8.000 денари и беа потребни 4,5 минимални плати за една потрошувачка кошничка. Сега се потребни 2 минимални плати за 1 потрошувачка кошничка, тврди Ковачевски.

Тој во интервјуто посочи дека Владата предводена од СДСМ „со правилни политики успеа да го надмине ветувањето за просечна плата од 500 евра и денес просечната плата изнесува 650 евра“. Ковачевски потенцираше дека „владите предводени од СДСМ ги исполнуваат ветувањата за подобар живот на граѓаните за разлика од ВМРО ДПМНЕ кои лиферуваат лажни прогнози и шират паника“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ