Ковачевски од Струмица ветува просечна плата од 1.000 евра и минимална плата од 600 евра!

март 11, 2024

На партиската трибина од Струмица, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вети дека во новиот мандат на СДСМ е просечната плата да достигне 1.000 евра, додека минималната да биде 600 евра, а во план е и зголемувањето на пензиите.

„Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година. Пензионерите заслужуваат вреднување на својот минат труди и да имаат подобар животен стандард. Во новиот мандат пензиите ќе растат уште повеќе“, рече Ковачевски.

Претседателот Ковачевски потсети и на мерките и политиките на СДСМ со коишто се покачија платите и пензиите на историски највисоко ниво, но и успешно се заштити стандардот на граѓаните во време на глобална криза.

„Успеавме, со креирање на соодветни мерки, да го заштитиме стандардот на граѓаните, ликвидноста на компаниите и да ги заштитиме работните места. Ги стабилизиравме и ги намаливме цените на производите, на горивата. Инфлацијата веќе е 3%, со месеци е на ниво како пред кризата, што значи нашите мерки дадоа резултат. СДСМ покажа дека може да испорача резултат и дека ги исполнува своите ветувања. За само три години, СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со неколку антикризни пакет мерки“, потенцираше Ковачевски додавајќи дека ВМРО ДПМНЕ немаше ниту една мерка за поврат на парите кај граѓаните.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ