Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Дечињата не поддржаа и има ли подобро нешто од нивните насмеани лица и нивната голема желба за возење велосипед. Јас велам, не.
Претпладнето ни беше весело и прекрасно со децата од Клон 2 на градинката „Детска радост“ и останатите присутни дечиња на Вело играта под убавите сенки на големиот градски парк.
Возевме велосипеди, разговаравме, се шегувавме на наша сметка, кој вози побрзо, а кој побавно, се со единствена цел – уште од мали нозе да го поттикнеме возењето на велосипед.
Дечиња гордост сте ми, родители поттикнувајте ги и возете велосипеди заедно со нив, така колективно ќе придонесеме за еколошки свесна младина која ќе ја чува и својата средина.
🚴 Струмица… и сé е блиску!