КОСТАДИНОВ: Од Струмица се учи и споделуваат добри практики!

ноември 25, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Од Струмица се учи и споделуваат добри практики.

За само една година успеавме да докажеме дека Локалниот совет за превенција е вистинска алатка за решавање на суштинските проблеми на граѓаните.

Со силна заложба на сите партнери вклучени во него, решивме и решаваме повеќегодишни проблеми кои изгледаа нерешливи – дивите продавачи на текстил, нелегалната трговија со старо железо, вандализмот на урбаната опрема…

Ова го препознаа од ОБСЕ и го посочија Локалниот совет за превенција како пример за решавање на проблемите на граѓаните во локалната заедница.

Токму денеска, на тркалезната маса организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје на тема „Развој на Локалните совети за превенција во РСМ“, ја имав честа лично да го споделам нашето искуство пред поголем број претставници на локалната и централната власт.

Продолжуваме понатаму, со многу работа и нови примери за сите општини во државата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ