КОСТАДИНОВ: МЛАДОСТА Е ВАШИОТ НАЈСИЛЕН АДУТ – НЕКА ВИ Е ЧЕСТИТ 12 АВГУСТ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МЛАДИТЕ!

август 12, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Почитувани млади сограѓани,

Струмица има стари корени од кои постојано излегуваат млади ластари. Таа раскошна и бујна вегетација сте токму Вие – младите луѓе. Вие сте срцето, душата и крвотокот на градот и општината. Вие сте животот на Струмица.

Младоста е Вашиот најсилен адут. Искористете ја таа младост за Ваше активно вклучување во сите сфери на живеењето. Изборете се за Вашиот личен и општествен развој. Од Вас зависи, дали ќе го прифатите предизвикот да бидете моторна сила која ќе го придвижува растежот на заедницата и општеството.

Кој, ако не Вие? Оваа земја, оваа општина и овој град се Ваши. Заслужете ги на најдобар можен начин, со инвентивност, храброст и мудрост, а по Ваша мерка. Бидете свои на своето. Јас сум секогаш со Вас и за Вас.

Нека ви е честит 12 Август – Меѓународниот ден на младите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ