РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Костадинов и Даскаловски од СДСМ со различни ставови, но на штета на градинките и Струмица!
Почитувани сограѓани,
Жална е ситуација кога нема разбирање помеѓу Градоначалникот Костадинов и Претседателот на Совет, Марјан Даскаловски.
Додека Даскаловски упорно настојуваше на средба со Министерката за финансии помеѓу неа, советниците и градоначалникот Костадинов, денеска Костадинов оваа средби за неговите ПР потреби ја одбива.
Кога немаат веќе изговори, бидејќи и министрите на СДСМ ги одбиле согласностите за вработување во градинките, повеќе не им е интересната темата градинки, па веќе средба не им е потребна.
Истото се случи и за угостителите кога советничката група на СДСМ имаше различен став од оној на Костадинов.
Со ова се виде дека СДСМ во Струмица немаат искрени намери за струмичани.
Недостаток на комуникација помеѓу првите луѓе на општината е опасен и на штета на струмичани.
Иронично е за некординираност во СДСМ криво им е ВМРО-ДПМНЕ.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните на Општина Струмица и ќе се бори да се случат променибво 20 годишниот трул систем во Општина Струмица.