Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Зборот кај мене е збор!
Ветив дека и после изборите редовно ќе се среќавам со граѓаните, тоа и се случува.
Имаме убави села и вредни домаќини во нив.
Тие заслужуваат квалитетни услови за живот.
Јас ветив, модерни села во мојот мандат и започнувам да го исполнувам ветеното.
Вечерва одржавме Јавни собири со жителите на Сачево и Дабиле. Разговаравме за животот, проблемите и што треба да се направи за тој да биде уште подобар.
Заедно ги утврдивме приоритетите кои ќе ги реализираме во следната буџетска година.
Од срце за селата во Општина Струмица.❤️