Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Денес е првиот ден од мојот градоначалнички мандат. На денот кога се празнува празникот св. Петка, првата средба која ја реализирав беше со владиката Јаков кој ми пренесе големи поздрави и благослов од митрополитот Наум Струмички. Испраќаме заедничка порака – помирување на нашите граѓани од Општина Струмица, за добро, за сите!