strumica denes logo

КОСТА КОСТАДИНОВ: Продолжуваме со подобрување на енергетската ефикасност во основните и средните училишта!

Автор:

Датум:

јануари 21, 2022

Автор:

Датум:

јануари 21, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Зборот е збор!

Општина Струмица продолжува со подобрување на енергетската ефикасност во основните и средните училишта. Денови се вршеше замена на дел од старите прозорци и врати во средното општинско училиште „Никола Карев“, основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица и во подрачното училиште „Сандо Масев“ во населеното место Водоча.

Со новите прозорци и врати побрзо и полесно ќе се загрее просторот и значително ќе се намалат губитоците на топлина, а со тоа ќе намали и потрошувачката на енергија.

Замената се врши во рамките на Програмата за намалување на аерозагадувањето на Одделението за заштита на животната средина на општина Струмица.