КОСТА КОСТАДИНОВ:
На вечерашната средба со сограѓаните од 6-тата месна заедница во Струмица разговаравме за реализираните, тековните и идните проекти кои, Општината треба да ги третира тука.
Во непосредна дискусија и низ отворен разговор беа споделени проблемите, барањата, ставовите и најважно – размислувањата на жителите.
На ваков начин, преку изворно запознавање и со изнаоѓање солуции за сите суштински нешта кои ги засегаат граѓаните, може да се даде 100% придонес за нашата Општина.
И секако, преку директна партиципација на секој поединец во креирањето на локалните политики со идеи и сугестии, ќе одиме напред.
Работа на терен и со срце за Струмица! ❤️