КОСТА КОСТАДИНОВ НА СОСТАНОК СО ГРАЃАНИТЕ ОД ТУРСКОТО МААЛО: СТРУМИЦА Е ПРИМЕР ЗА СОЖИВОТ, НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПОЕДИНЦИ ДА ГО НАРУШАТ!

февруари 13, 2021

Коста Костадинов, пратеник од редовите на СДСМ:

Имав состанок со моите другари од турското маало за непријатниот настан кој се случил во некој ресторан каде млади деца од турска националност не биле пуштени во ресторанот.

Како човек најсилно ги осудувам таквите појави и апелирам дека сите ние како граѓани, без разлика дали сме македонци, албанци, турци, бошњаци, роми, срби имаме еднакви права и обврски, но имаме и морална обврска да се почитуваме и покрај нашите различности, не само етнички туку било какви.

Струмица е пример за соживот, турското маало е модел за концептот, едно општество кој е принцип и вредност на СДСМ и Зоран Заев и како таков мора да опстои и да функционира.

Како човек кој верува во таквите вредности, ќе продолжам да ги осудувам сите такви појави.

Нема со сигурност да дозволам поединци да го нарушат соживотот!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ