КОСТА КОСТАДИНОВ: КУЌНИТЕ СОВЕТИ КОИ ЌЕ ГИ УРЕДУВААТ И ОДРЖУВААТ СВОИТЕ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ КАКО СТАНАРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПАРИЧНИ НАГРАДИ!

јануари 4, 2022

Коста Костадинов, градоначаник на општина Струмица:

Убав предизвик за граѓаните на Струмица.

Куќните совети кои ќе ги уредуваат и одржуваат зелените површини кои се во нивна сопственост како станари имаат можност за убави награди.🌳🌳

Најдобро одржуваните дворни места на зградите во текот на годината, односно прво место како куќен совет ќе освојат 200.000 денари.
Второ место ќе бидат наградени со 100.000 денари и трето место со 50.000 денари.

За тоа ќе биде формирана посебна комисија од општината која ќе оценува.🌳🌳
Струмичани, ајде уште еднаш да покажеме колку си ја сакаме Струмица.🌳🌳

За чисти и средени дворови, за почиста Струмица. ❤️

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ