КОСТА КОСТАДИНОВ: Ќе го решиме проблемот со „Младинска“, се заложувам со изработка на проект за реконструкција на улицата!

мај 31, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

После второто невреме денес, со помал интензитет, зголемено ниво на вода со околу 25 цм единствено од цел град има на дел од улица Младинска која претставува една од пониските коти во градот.

Не можеме денес да го решиме проблемот со нивелацијата но најитно се заложувам со изработка на проект за реконструкција на улицата и трајно решавање на овој проблем.

Дополнително ќе започнеме со дронско снимање на одводните канали за да јавно ги објавиме сите објекти кои се изградени врз одводните канали а кои предизвикуваат потешкотии во одводнувањето при такви обилни врнежи од дожд.

Замолувам на разбирање, замолувам на трпение од страна на засегнатите граѓани.

Ќе го решам овој проблем како и многу други !

Јас и мојот тим не бегаме од проблемите, туку се соочуваме со нив.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: