strumica denes logo

КОСТА КОСТАДИНОВ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СДСМ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

август 31, 2021

Категории:

СДСМ, Струмица

Автор:

Датум:

август 31, 2021

Категории:

СДСМ, Струмица

Владејачкиот СДСМ на синoќешниот состанок на Извршниот комитет одлучи кандидат за градоначалник на општина Струмица да биде портпаролот и пратеник Коста Костадинов.

Коста Костадинов (р. 22 март 1990 г. во Струмица) од 2016 до 2017 година беше вршител на должноста Градоначалник на општина Струмица откако Зоран Заев по парламентарните избори формираше парламентарно мнозинство и подоцна ја презема функцијата премиер на Македонија. Основното и средно образование го завршил во родниот град, додека високо образование завршил на Економскиот факултет при ФОН Универзитетот.