КОСТА КОСТАДИНОВ: Гоце Делчев останува неразбран за оние кои упорно водат недостоен натпревар за кавга меѓу народите!

мај 4, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

За жал, и по толку многу години од Гоцевата мисла: „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“, тој останува неразбран за оние кои упорно водат недостоен натпревар за кавга меѓу народите.

Делчев не може и не смее да биде „монета за поткусурување“. Тој, со своите социјалдемократски и визионерски погледи на светот, треба да биде урнек за многу регионални политичари кои се претставуваат себеси за напредни Европејци, а всушност се скарани и со векот во кој живееме и со европските принципи.

Но, потребни се многу лопати за да се погребе вистината. Таа, кога тогаш, ќе излезе на површина. Дотогаш, ќе бидеме стрпливи, и ние и Делчев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ