strumica denes logo

КОСТА КОСТАДИНОВ ГЛАСАШЕ И ПОРАЧA: СТРУМИЦА МОРА ДА ПРОДОЛЖИ НАПРЕД КОН ЕВРОПСКАТА ПАТЕКА!

Автор:

Датум:

октомври 17, 2021

Категории:

СДСМ, Струмица

Автор:

Датум:

октомври 17, 2021

Категории:

СДСМ, Струмица

Должност на секој граѓанин е да го оствари своето право на глас. Со ова наше уставно право помагаме директно во креирање подобри политики за нашите граѓани.

Денес ги повикувам сите граѓани на општина Струмица да излезат на гласање и да го дадат својот глас за кандидатот за градоначалник и кандидати за советници за кои сметаат дека може да ја направат нивната Струмица подобра!

Изминатите денови водевме исклучиво позитивна кампања, презентиравме проекти кои ќе ја направат Струмица посакувано место за живеење од секој човек. Токму поради нашата визија за нашиот град, очекувам поддршка од струмичани. Оваа поддршка ја очекувам затоа што е многу важно кој ќе застане на чело на градот кој беше предводник на промените и кој не падна на колена пред режимот на Груевски!

Ова мора да го има на ум секој струмичанец кога ја носи својата одлука! Струмица мора да продолжи напред кон европската патека, а не да се враќа назад кон антиката.
Од срце, за Струмица!❤️