Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:
Јас сум градоначалник, но и лекар по професија, за кого здравјето на граѓаните ми е пред се. Следејќи ја актуелната состојба подготвен сум и стојам на располагање на здравствените институции како лекар, доколку за тоа има потреба, бидејќи така ќе го дадам мојот најголем влог во заштитата на здравјето на моите сограѓани. Здравјето пред и над се. Тоа е нашето најголемо богатство.