„КОМУНАЛЕЦ“ ГИ УРЕДУВАШЕ И ЧИСТЕШЕ ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА ВО СТРУМИЦА!

ноември 5, 2021

Одделениjaта “Комунална Хигиена“, “Одржување и управување со градските гробишта“, “Одржување и управување со јавно зеленило“ и секторот “Механизација“ при ЈПКД “Комуналец“ континуирано продолжува со чистење и уредување на градските гробишта. Во претходните два дена се средуваше целиот комплекс, се чистеше околината околу гробните места и патеки од треви, смет и други остатоци. Со секоја ваква акција добиваме подршка од граѓаните кои секојдневно го посетуваат оваа место и во разговор со нив се трудиме заеднички да го подобриме изгледот и пред се да ја подигнеме чистоќата. Со наши понатамошни акции и совесно однесување на сите посетители, со неуништување на урбаната опрема како и фрлање на својот отпад на определените места сите заедно да придонесеме и овој комплекс да добие поубав почист изглед што секако го заслужува.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: