strumica denes logo

КОКИ СО ПИСМО ДО ДУЛЕ: СЕ ВРАЌАМ ОД СВИРКА, ОД СТРУМИЦА БРАТ, УШТЕ ПРАШУВААТ ЗА ТЕБЕ И НЕ ТЕ ЗАБОРАВИЛЕ!

Автор:

Датум:

септември 25, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

септември 25, 2020

Категории:

Струмица

Поминаа точно седум години откако почина Душан Љубисављевиќ- Дуле пејачот на познатото дуо „Дуле и Коки“.

Дуле почина од рак на 23 септември во 2013 година, оваа вест беше шок за многумина.Неговиот другар и соработник Никола Јанков- Коки на својот Фејсбук профил му посвети писмо лично на Дуле.

„Се враќам од свирка, од Струмица брат, па ми се сврте во главата и викам да ти напишам уште едно писмо… ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, да не речеш, абе Кочо седум години ми досаѓаш, дај олабави. Брат, не знам дали да се смеам, дали да плачам. Знаеш, се ми доаѓа дека од негде ќе се појавиш и тоа најчесто кога свирам ми се случува, абе „фатаморгана“. Моќжеби, па сеа дури сфаќа дека стварно те нема, а…? Сите прашуваат за тебе, не те заборавиле да знаеш, особено при крај на свирката… ја темпирам „Колку треба да се плати“, ќе стиснам заби, им ја пеам, и оние пејат, ама на таа не плачам, тешко ми е да плачам на таа, гледам они плачат…

На овој ден кога ја летна, знаеш на кој му е роденден? На Ице, замисли… не сум и го кажал тоа. Кај одам јас без гитара, свириме заедно и Сале е со нас. Ти стално, кога ќе го спомнев Господ, се викаше, ај батали тоа. Ама гледаш дека имало Господ, па ти ако не знаеш, кој? И кажи сега ГОРЕ СИ Е ГОРЕ, нели… добро е таму.
Овде е зезнато малку, може малку повеќе. Има некој вирус, и ако го закачиш јако, за скоро умираш, ама некои ќе го фатат и ништо не им е… поима немам… ваљда си чул. Макфест првпат оваа година на плоштадот се одржа, на отворено, не во Домот на културата, заради тој вирус, 35 години јубилеј… Таму пак не заборавија и двајцата, ама нема врска.

Со Марија, сесра ти, ќе се сретнеме понекогаш. Нејзините две и од брат ти три, пет внучиња имаш. Не им ги паметам имињата, едното од брат ти се вика Душан Љубисављевиќ, знам, по тебе.

Да знаеш дека е престанувам со музиа, а ми има дојдено многу пати да баталам, ама има пет песни бе брат што треба да се пеат и свират. Помладите поима немаат кои биле Дуле и Коки, ама песните ги знаат, глеаш. Не знам што сакав друго да ти кажам…
Знаеш што… нема да биде ова последно писмо, ќе ти пишам пак, за некое време…“