strumica denes logo

КОАЛИЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ЗА СОВЕТНИКОТ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА ВЛАДИМИР РИСТОВ: Неговиот збор прерасна во дело и историско обединување и согласување на претставници од двете спротиставени партии!

Автор:

Датум:

април 28, 2023

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 28, 2023

Категории:

Струмица

Коалиција за заштита на децата:

👉 Разум, храброст, принципиелност и цврсти морални вредности се карактеристиките што треба да го красат еден достоинствен маж. Тоа го видовме на минатата седница на Советот на Општина Струмица, кога Владимир Ристов, еден од советниците, одлучно рече дека ќе ја поддржи Локалната стратегија за млади исклучиво ако во неа нема неразбирливи и неприфатливи терминологии.

‼️ Тоа беше почетниот збор, кој прерасна во дело и историско обединување и согласување на претставници од двете спротиставени партии.

👉 Се надеваме дека овој пример нема да биде единствен и дека Македонија се’ уште има и тоа во голем број достоинствени и разумни мажи, кои ќе застанат во одбрана на жените и децата.

Голема благодарност до г-динот Владимир Ристов за подолукажаното, изјавено на барање на Коалицијата за заштита на децата.