КОАЛИЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ЗА ВЛАДИМИР РИСТОВ: Каква ревност, каква љубов за своите струмичани, за децата, за семејните вредности!

јуни 21, 2023

Коалиција за заштита на децата:

💥 Владимир Ристов, советник во Општина Струмица, на денешната седница распали по советниците кои се спротивставуваат да се помине Стратегијата за еднакви можности на жените и мажите без вклучување на терминологија од родовата идеологија: „Одработувате за министерката… Бидете искрени со граѓаните!“

🔥 Каква ревност, каква љубов за своите струмичани, за децата, за семејните вредности! Не’ радува тоа што се’ уште има надежни политичари, кои застануваат на страна на вистината и правдата!

Ги повикуваме советниците коишто од страв се повлекоа од тоа што го изгласаа пред неколку седници, да соберат храброст и да застанат на страна на народот! Без разлика дали и колкави притисоци трпат, нема да бидат ослободени од одговорност. Никој изговор не може да биде поголем од љубовта кон своите деца и внуци.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ