Природата не престанува да нè маѓепсува и да мами воздишки во секое годишно време. Мирно и тивко сонцето се крие зад планините испуштајќи го последниот здив, пеејќи ја својата лебедова песна над еден град кој полека заспива. Ко стих од Мизар – на запад сè се дави в крв и облаците ја испишуваат својата приказна прегрнувајќи ја Струмица и во немоќ ѝ се предаваат на ноќта.