strumica denes logo

Кирил од Струмица чува африкански еж: „Ако му е ладно, може да хибернира – па изгледа како мртов“

Автор:

Датум:

јули 16, 2024

Автор:

Датум:

јули 16, 2024

Струмичанецот Кире Штрклев има само 18 години и годинава го завршил средното образование, но има огромна љубов кон животните и во неговиот дом чува голем број животни, меѓу кои некои се егзотични.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Тој дома има брадест змеј, аквариумски рипки, куче, водени желки, но и африкански ежиња.

Кави услови треба да им се обезбедат на овие миленици, со што се прехрануваат, како изгледа грижата за нив?

Кирил одговори на повеќе прашања во рамки на интервју за CRNOBELO.com.

Во продолжение проследете го целиот разговор со него:
Од каде љубовта кон животните и кон егзотичните миленици?
Љубовта кон животните ја имам уште од мал, на само 7 години го добив првиот аквариум со рипчиња, што беше доволно да сфатам дека во мене се крие нешто што досега во нашето семејство никој го немал, а тоа е огромна љубов и посветеност кон животните.

После првиот аквариум, набрзо следуваа и првите папагали, па потоа земав и водни желки од расата Trachemys scripta elegans или позната како црвеноушеста желка.

Како што растев со животните, така и мојата љубов кон животните растеше, се зголемуваше бројот на моите аквариуми и животни и тие станаа дел од мојот живот.

Денот ми почнува со нив, прво ги хранам, ако има потреба од чистење или слични работи, а потоа уживам со нив преку денот.

Тоа веќе трае околу 10 години, денес јас имам најразлични видови на животни меѓу кои и неколку егзотични, а тие се: разни видови аквариумски рипки, водни желки, африкански гигантски полжави, африкански еж, аксолотли, зајачиња, брадест змеј и нивниот верен чувар кој секаде ме следи – волчјакот Стела.

Целосната вест може да ја погледнете на следниот линк: https://www.crnobelo.com/intervju/razgovarame-so/110426-kiril-od-strumica-chuva-afrikanski-ezh-ako-mu-e-ladno-mozhe-da-hibernira-pa-izgleda-kako-mrtov