Кина го пушти најбрзиот интернет во светот, конекцијата испраќа 150.000 филмови во помалку од секунда!

ноември 15, 2023

Најбрзата интернет-конекција во светот пуштена е во употреба во Кина.

Според „Глобал тајмс“ има пропустен опсег од 1,2 терабајт во секунда и ги поврзува градовите Пекинг, Вухан и Гуангжу.

Оваа ултрабрза мрежа долга 3.000 километри станува најзначајниот дел од идната интернет-инфраструктура на Кина.

Кина вртоглаво ги зголемува големината и брзината на своите интернет-инсталации.

Како што е наведено, до септември оваа година во земјата се изградени повеќе од 3 милиони станици за 5Г со антени формирајќи ја најголемата мрежна структура во светот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: