ЌЕ СЕ СНИМА ФИЛМ ЗА ВИЗИОНЕРОТ НА 21 ВЕК – ИЛОН МАСК!

ноември 19, 2023

Во подготовка е филмот за најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск. Филмот ќе се базира на авторизираната биографија на Волтер Ајзаксон објавена во септември. Проектот ќе го реализира продуцентската куќа А24, а режисер е Дарен Аронофски, потврдија од „Варајети“.

За книгата на Ајзаксон наводно се бореле неколку студија и филмаџии, но продукциската куќа А24 триумфирала, зад проектите „Месечева светлина“, „Лејди Бирд“, „Соба“.

Биографијата на Исаксон „Стив Џобс“ доби и филмска адаптација пред споменатата биографија; во истоимениот филм од 2015 година, ко-основачот на „Епл“ беше портретиран од актерот Мајкл Фасбендер.

Милијардерот Илон Маск е основач на компанијата „SpaceX“ која се занимава со производство на вселенски летала и е поранешен претседател на мултинационалната компанија „Tesla“. Моментално е претседател, сопственик и директор на компанијата X, поранешен Твитер.

Педесет и двегодишниот Маск моментално е најбогатиот човек на светот. Финансискиот трон е благодарение на богатството кое Блумберг и Форбс во октомври го процениле на повеќе од 200 милијарди долари.

– Мило ми е што Дарен ќе го направи тоа. Тој е еден од најдобрите – ја коментираше Маск веста на Х.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ