Струмичкиот карневал го заокружи овогодинешното издание со свеченото враќање на клучот на градот на градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, симболично означувајќи го крајот на карневалските денови исполнети со радост, музика и маскирана магија.
Од Организацискиот одбор упатија благодарност до сите учесници, гости и посетители за позитивната енергија, одличната забава и поддршката која, како што велат, секоја година го прави карневалот уште поголем и посилен.
Струмица и оваа година живееше во карневалски ритам, а настаните што се одвиваа во изминатите денови повторно потврдија дека Струмичкиот карневал останува еден од најпрепознатливите и најпосетените културно-туристички брендови во државата.
Организаторите најавуваат дека подготовките за наредното издание започнуваат веднаш, со цел следната година карневалската приказна да продолжи во уште поубаво и побогато издание. 🎭✨




























