strumica denes logo

Јапонец отпуштен поради 633 посети на теретана за време на работа!

Автор:

Датум:

јануари 23, 2025

Автор:

Датум:

јануари 23, 2025

55-годишен надзорник од Јапонија бил отпуштен откако било откриено дека избегнувал работа за да оди во теретана 633 пати од април 2021 година, што резултирало со вкупно 658 пропуштени работни часови. Тој признал дека ги напуштал работните обврски за да прави истегнувања и да се релаксира во топлите извори на теретаната, изразувајќи жалење за своите постапки.

Истражувањето покажало дека неговото однесување го чинело градот Мацyама 1,76 милиони јени (15.300 американски долари). Надзорникот се согласил да ја надомести оваа сума. Локалната самоуправа исто така изрекла дисциплински мерки за четворица негови претпоставени заради недостиг на надзор.

Градоначалникот на Мацyама јавно се извинил за инцидентот, ветувајќи дека ќе воведе мерки за да спречи вакви случаи во иднина.