strumica denes logo

Извршителите не прифаќаат барања за застареност на долгови?!

Автор:

Датум:

август 12, 2023

Автор:

Датум:

август 12, 2023

Извршителите нема да прифаќаат барање за застареност на долгови како што предвидуваат законските измени.

Комората на извршители вели дека нема да има застарување и отпис на долговите на општини, претпријатија и граѓани, откако парламентарното мнозинство ги усвои измените на Законот за извршување и на Законот за облигациони односи.

Се работи за законски решенија кои се косат со други законски одредби, велат извршителите.

Од Комората информираат дека тие се ненадлежни да прогласуваат застареност.

– Извршителот не е надлежен по службена должност да одлучува застареност на побарување, утврдено во извршна исправа за кое е поднесено барање за извршување. Секој поднесок од странка во кој се повикува на застареност, извршителот со заклучок ќе го отфрли поради ненадлежност. – велат од Комората на извршители.

Со новите измени, каматната стапка нема да смее да го надмине долгот, односно таа престанува да тече кога ќе го достигне износот на главниот долг, што е прифатливо за Комората на извршители, но неприфатлив е делот за застареност на долгови.

Организацијата на работодавачи веќе му испратила писмо на претседателот Стево Пендаровски, кој стави потпис на указите, дека покрај должници, има и доверители за кои овие акти може да бидат погубни. Пендаровски им рекол дека се надева дека државата ќе најде механизми за овој проблем.