Perdormire
Струмица

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОПШТИНА СТРУМИЦА: Променет е режимот на сообраќај на неколку улици во градот!

Општина Струмица ја зголеми безбедноста и го подобри протокот на сообраќајот на улиците:„Моша Пијаде“, „11-ти Октомври“, „Ванчо Китанов“, „Беласица“ и „Монополска“.

Сообраќајот на улица „Моша Пијаде“ на делница од крстосница со ул. „Ванчо Китанов“ до крстосница со ул „11-ти Октомври“ од двонасочен се променува во еднонасочен. Правецот на движење на оваа делница по ул. „Моша Пијаде“ е од крстосница на ул. „11-ти Октомври“ кон крстосница со ул.„Ванчо Китанов“. Десната сообраќајна лента на оваа делница на ул „Моша Пијаде“ гледано од правец на крстосница со ул. „Ванчо Китанов“ кон крстосница со ул. „11-ти Октомври“ е за паралелно паркирање на патнички моторни возила.

Сообраќајот на улица „Монополска“ од двонасочен се променува во еднонасочен.
Правецот на движење на ул „Монополска“ е од крстосница на ул. „Ванчо Китанов“ кон крстосница со ул.„11-ти Октомври“.

Сообраќајот на улица „Беласица“ од двонасочен се променува во еднонасочен.
Правецот на движење на ул „Беласица“ е од крстосница со ул „Ванчо Китанов“ кон крстосница со ул.„11-ти Октомври“.