Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Успешно завршивме уште еден буџетски форум и ја потврдивме буџетската транспарентност на Општината.
Граѓаните учесници на двете форумски сесии ги изгласаа трите приоритетни проекти за новата буџетска година:
1.Изградба на нов градски пазар
2.Реконструкција на Домови на културата
3.Дислокација на Струмин гроб
Им благодарам на граѓаните за изборот на приоритетните проекти и активното учество во Буџетскиот форум.