(ИСТОРИЈАТ) КИРИЛ МУЧЕВ ЗА СТРУМИЦА ДЕНЕС: МНОГУ МИ Е МИЛО ШТО МОЈАТА ИДЕЈАТА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПРАЗНИКОТ НА ВЕЧНИТЕ ЛЕКАРИ ВО СТРУМИЦА ПРОДОЛЖУВА И ДЕНЕС!

ноември 18, 2019

И оваа година како и секоја во Струмичката болница, лекарите заеднички го прославија и одбележаа празникот на вечните лекари на болните и сиромашните „Св. Козма и Дамјан“. Но дали знаевте како започна да се одбележува овој празник во Струмица од страна на лекарите? Во продолжение проследете го разговот со Кирил Мучев кој е иницијаторот на сето тоа. Мучев 17 години работеше во Струмичката болница, а во моментот работи во болница во Германија.

Кирил Мучев:

Идејата за изградба на Православен храм во Струмичката болница ми дојде неколку години по моето вработување во Рентген службата при истата. Основата во идејата беше гледањето на страданијата низ кои поминуваат нашите болни и во најклучни моменти во борбата за живот или смрт, кога ни докторите не се моќни, луѓето се ослонуваат само на Господ. Или кај родилките, каде мајката може да е во смртна опасност и самото новороденче, или кога човек умира во акт на смртта.. Во тие моменти потребно е топло застапништво пред Бога, а ние во нашата болница тоа го немаме. Таа пракса во скоро сите Православни земји се практикува, а во Македонија ја немаше и сеуште ја нема. На идеја бев како тоа би можело да се оствари, за доброто и здравјето на нашиот народ. Моментот созреа во 2008 год, после 10 год од идејата. По разговорите со надлежната Струмичка Епархија и со добивање на благослов од Митрополитот Струмички Наум, ја започнав работата да ја остварувам.Бидејќи тој вид на служба бара специјално обучен свештеник, кој има и медицинска пракса(во земјите каде ги има тоа е субспецијално богословско школо, каде идните свештеници се спремаат за Медицинска свештеничка служба) падна решение на мене да бидам ракоположен за таа служба во Струмичката болница. Затоа запишав богословски факултет. Но не како што ние сакаме туку како Бог ќе благослови. Патот мене под сосема други околности ме однесе во Германија.

Ревноста за службата да ја извршам започна со тоа што Господ веќе имаше средено кои луѓе ќе помогнат на тој пат. Прв беше Томи Запров. Со негова помош се средија првичните работи. Втор беше др. Ирфан Максудов, сега покоен, кој без никаков проблем, иако од муслиманска вероисповед, како тогашен директор на болницата, даде безрезервна подршка и дописи до Општина Струмица како и Министерството за Здравство. Трет беше Никола Пандев со својата фирма Жикол. По тоа почнаа да се редат сами донациите и помошта од секаде. Многу луѓе се јавија за донација во изградба, сакајќи да учествуваат во истата ккако долг према Господ за досегашниот нивен успех и здравје благодарејќи на Него. Отворивме жиро сметка во комерцијална. Но, не така одеше се глатко. Бидејќи големите Божји дела кога човек ги прави, наидуваат за заплети од нечестивиот. Со Томи Запров, на кој сум му лично благодарен, ја свртевме цела Македонија за собирање на потребните порписи од тогашните власти. Во таа акција беше вклучен и Славе Гошев, кој на крајот резултира со потпис од тогашниот министер за здравство, после скоро 2 години.

По разговорите со тогашниот градски архитект, до ден денес не добивме КП број во промената на урбанистичкиот план, градежна маркица. Во едно и апелирам да се завршитаа работа, во колку е можен во по брз рок. Од сегашна гледна точка, црквата би се изградила за експресно време за добробитта на целиот народ бидејќи средствата се најмал проблем. Јас сум најкрајно благодарен на Господ што ми овозможи да започнам вакво Божјо дело и исполнет сум кога гледам дека од 2011г. се воспостави пракса на денот на лекарите, св. Козма и Дамјан,на истите темели се врши мал помен за здравје на Струмичките лекари и целиот медицински персонал. Во едно, и многу лекари му се приближија на Господ и ја изразуваат својата вера преку овој мал помен. Инаку да го спомнам нај главното дека црквата е посветена на двајца големи светители-св.Никола Мирликијски чудотворец и св. Пантелејмон, како големи лечители и помагачи во спасението. Желбата беше на Митрополитот Наум така да се вика бидејќи во Струмица немаме црква на овие двајца светители.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ