Home

Perdormire
Здравје Струмица

ИСТОРИЈА ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО: За првпат направена трансплатација на црн дроб од починат донор!

Home

✅ На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор – прва во историјата на македонскотo здравство.

▶️ Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите.

Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.

– Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи.

Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали.