strumica denes logo

Исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии и за субвенциониран студентски оброк!

Автор:

Датум:

март 15, 2023

Автор:

Датум:

март 15, 2023

Средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници се исплатени. Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија седум месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени шест месечни стипендии. На постојните корисници исплатени им се средствата за февруари и март, соопшти МОН.

Исто така извршена е и тековната исплата по основ на субвенциониран студентски оброк на над 29 илјади студенти кои го имаат остварено правото во некој од изминатите месеци. Со ова, МОН ги надомести сите финансиски обврски кон учениците и студентите предвидени заклучно со тековниот месец.

Од МОН потсетуваат дека на иницијатива на министерството, корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право во некоја од изминатите учебни, односно академски години и имаат активни договори за користење на стипендијата, од оваа година ќе добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот кој го добиваат новите стипендисти. За да го остварат правото на зголемен месечен износ на стипендија, треба да достават пополнет и потпишан анекс на договорот (во три примероци) за соодветната стипендија, кој можат да го симнат од следниот линк.

– Грижата кон учениците и студентите се зголемува. МОН и Владата воведуваат нови финансиски права, стимулации и образовни можности кои во минатото не биле достапни. Ученичкиот и студентскиот стандард постојано растат, а младите се активни учесници во креирањето на политиките кои ги засегаат. Иницијативи за протести и отсуства од настава не се потребни, бидејќи тоа е сосема спротивно од заложбите за задоволување на најдобрите интереси на младите, се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука.

Фото: Б. Грданоски