ИНТЕРВЈУ СО СТРУМИЧАНЕЦОТ НИКОЛА БАКТЕРЛИЕВ, СОПСТВЕНИК НА ОПТИКА ЛМ: СТРУМИЧАНИ НАЈМНОГУ КУПУВААТ RAYBAN, ARMANI, GUESS И TOM FORD!

септември 17, 2020

Интервју на Струмица Денес со Никола Бактерлиев, сопственик на струмичката оптика ЛМ. Во продолжение проследете го:

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Никола, тешко ли е да се работи со овој бизнис? Кои се предностите а кои се слабостите?

НИКОЛА БАКТЕРЛИЕВ: Велат дека ништо не е тешко да се работи, доколку се сака она што се работи. Мојата љубов кон оваа работа е наследена од моите родители, особено од мајка ми. Овој бизнис кај нас всушност е семеен бизнис, а јас припаѓам на втората генерација која треба да ја продолжи семејната традиција. Убавината на оваа работа е задоволството кај нашите клиенти од услугата и очилата…За недостаците ќе треба да ги прашате нашите купувачи, а доколку има некоја рекламација ја прифаќаме и ја корегираме!

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кои услуги ги врши вашата оптика?

НИКОЛА БАКТЕРЛИЕВ: Се обидуваме крајно професионално и одговорно да им помогнеме на сите оние на кои им се потребни нашите услуги поврзани со очила за вид, или пак за очила од сончевата програма.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Со кои брендови во моментот располагате?
.
НИКОЛА БАКТЕРЛИЕВ: Во моментот располагаме со Guess, Rayban , Ana hickman, Tom Ford , Celline, Just Cavalli, Armani и други брендови.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Она што веројатно најмногу ги интересира нашите читатели…Колку телефоните и компјутерите влијаат на нашите очи? Како да се заштитиме од нив?

НИКОЛА БАКТЕРЛИЕВ: Повеќе од јасно е дека денешната модерна технологија и те како влијае врз нас, а особено на нашите очи кои се доста чувстителни. Ако премногу време сте пред монитор,телефон, таблет или сл., најдобро би било да користите очила со стакла за филтер за сина светлина.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Како за крај, да ни откриеш што најмногу купуваат струмичани во вашата оптика, односно кои модели се најбарани?

НИКОЛА БАКТЕРЛИЕВ: Сите сме со различни вкусови, но како најбарани модели можам да ги издвојам Rayban, Armani, Guess, Tom Ford.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: