ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ПОВРЗАНИ СО СТРУМИЧКАТА ГИМНАЗИЈА!

октомври 21, 2021

Скротена во најфрекфентниот дел од струмичкиот плоштад, гимназијата продолжува немо да сведочи за одминување на времето и менувањето на генерациите, неминовно потсетувајќи ги струмичани за безгрижните средношколски денови и убавата младост.

Неоспорен е фактот дека од ходниците на СОУ „Јане Сандански“ се излезени едни од највлијателните луѓе во државата. Токму поради тоа, гимназијата и нејзиниот колектив беа и ќе останат едно од главните обележја на градот.

Во продолжение, 5 помалку познати факти за струмичката гимназија:

Училиштето за првпат е отворено на 5 февруари 1945 година, но не во денешната зграда. Образовната дејност се спроведувала во зградата на денешниот архив.

Во текот на првите неколку години од работењето, се воделе долги дискусии дали гимназијата да се затвори. Тоа биле тешки времиња – просторот бил неадекватен и недоволен, немало никакви наставни помагала, а учениците сами си носеле столчиња и клупи за да ја следат наставата.

Откако просторот во зградата на дешениот архив се укажал како недоволен, гимназијата се преместува во просториите на денешното основно училиште „Маршал Тито“.

Економската струка не е во понудените опции од отварањето на гимназијата. На почетокот има само гимназиски паралелки, а економските се додаваат во 1956 година.

Освен Борис Трајковски и Зоран Заев, од клупите на ова училиште излегуваат и Владо Илиевски, Ефтим Богоев и многу други познати личности.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: