Perdormire
Струмица

ИНИЦИЈАТИВА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТА ЈАНЕВСКИ: ОПШТИНАТА ЌЕ ДОНИРА ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ НА ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО СТРУМИЦА!

Како општествено одговорна институција на којашто здравјето на граѓаните е врвен приоритет, Општина Струмица од буџетот за 2020 година ќе донира еден милион денари на

јавната здравствена установа Општа болница – Струмица за набавка на опрема и материјали за справување со пандемијата на Ковид – 19.

„На мој предлог, а со поддршка од советниците, оваа одлука беше донесена на денешната седница на Советот на општина Струмица, со која Општината се откажува од дел од средствата наменети за новогодишното украсување.“ – напиша Јаневски.