Информација од увозникот и официјално соопштение од производителот на Wudy, Италија!

септември 22, 2022

ДОБРОВОЛНО ПОВЛЕКУВАЊЕ КАКО МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ НА НЕКОИ ШАРЖИ НА ВИРШЛИ ОД БРЕНДОТ “WUDY”, ПРОИЗВЕДЕНИ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО!

“AIA” информира дека во претходните денови е започната доброволна процедура за повлекување на производи, која вклучува и шаржи на виршли од брендот “Wudy” пласирани на пазарот на Македонија.

Кооперативната компанија, која е производител на повеќе брендови вклучувајќи го и “Wudy”, ја започна оваа процедура на мерки на претпазливост во согласност со Италијанските власти, бидејќи неправилниот начин на складирање на производите и непридржувањето до упатствата наведени на декларацијата може да ја направат храната небезбедна за консумација од микробиолошко гледиште.

Имајќи го во предвид премногу топлото време ова лето, веројатноста за несоодветен транспорт и чување на споменатите производи како и нивна консумација која не е во согласност со инструкциите на производителот истакнати на амбалажата, компанијата производител одлучи да преземе поголеми мерки на претпазливост со цел поголема заштита на потрошувачите.

Компанијата во оваа прилика би сакала да ги информира потрошувачите дека производите кои се повлекуваат од продажба се безбедни за консумирање доколку истите се соодветно чувани и консумирани согласно инструкциите за чување и приготвување истакнати на пакувањето на производот.

Компанијата исто така потенцира дека отсекогаш работела во согласност со важечките закони и дека сите производи се пласираат на пазарот само откако ќе ги поминат сите внатрешни стандарди на проверка и многуте други официјални контроли спроведени во производствените објекти од страна на властите. Овие процедури беа проследени и за производствените серии кои се вклучени во актуелното повлекување. Всушност, прецизираме дека можното присуство на Листериа м. во овие производи како и во неколку други видови на прехранбени производи е дозволено од страна на важечките закони во одредени граници.

Компанијата се извинува на своите клиенти и потрошувачи за секоја непријатност што може да ја предизвика ова доброволно повлекување, кое – повторуваме – е спроведено како мерка на претпазливост. Истовремено, компанијата им се заблагодарува на сите вклучени луѓе за нивната драгоцена соработка.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: