Инциденти на протестот пред Влада, Ламбе го запали предлогот и изјави: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка!

јули 4, 2022

Демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата, а се слушаат и експлозии веројатно од петарди. Демонстрантите кои ја пробија и заштитната ограда ги предводи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев. На протестот присуствува и Ламбе Алабаковски.

„Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“, му порача денеска на властите пејачот кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог.

Алабаковски порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани овие штетни договори за Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ